Полицијата од Кавадарци со превентивни акции за исправноста на тракторите
Полицијата од Кавадарци презеде со превентивни акции за исправноста на тракторите, инспекторот за превенција од Одделението за превенција при кавадаречката полициска станица од општа надлежност.
Димитар Каракулев, денеска информираше дека се реализирани три вакви акции оваа сезона, а ќе се спроведат уште неколку во наредниот период.
- Се врши контрола на техничката исправност и светлосно сигналните уреди кај тракторите и другата земјоделска механизација. Последната акција беше реализирана во близина на станицата за технички преглед АМД "Страшо Пинџур“ од Кавадарци, соопшти Каракулев.
На сите возачи им беа поделени флуоресцентни елеци со логото на осигурителните компании и станиците за технички преглед кои ја поддржуваат ваквата превентивна кампања.
Им беше укажувано да ги регистрираат своите возила, тие да бидат технички исправни, особено во делот на светлосно сигналните уреди, се со цел помалку сообраќајки.
Ново на Сител
-
Поради технички зафати без струја неколку улици во Гази Баба и Кисела Вода
-
Макрон потврди дека Франција ќе ја признае Палестина како држава
-
Сончево и многу топло со температура до 43 степени
-
Гори шума над селото Нивичани, загрозени викенд куќички, интервенираат пожарникари
-
Во прекин сообраќајот на патниот правец Маврово - Дебар поради сообраќајка
-
Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар
-
Обвинетиот за обид за убиство на Трамп повторно пред суд, бара да се брани сам
-
Донесен Законот со кој секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред