Македонија
24. January 2023 - 10:45

Полицијата казни 164 возачи за брзо возење на територија на цела држава

Изречени се 164 казни за брзо возење во текот на вчерашниот ден во спроведената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Од нив, четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Како што денеска информираа од МВР, притоа, 121 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 43 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.