Полицијата ја апсела пратеничката Пешевска, додека ечел плачот на нејзините три малолетни деца
Вистинска драма се случувала утринава во домот на пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кога полицијата упаднала да ја апси, велат првичните неофицијални информации.
Во околу 05 часот, полицајците ја искршиле влезната врата од домот на семсјството Пешевски, и упаднале за да ја уапсат пратеничката Жаклина Пешевска, која е мајка на три малолетни деца.
Маскираните полицајци и припадници на единицата „Алфи“ без прашање и предупредување почнале да превртуваат дел од имотот на пратеничката додека трите малолетни деца плачеле од страв и ги молеле полицајците да не го прават тоа.
Еден од полицајците им се обратил со зборовите „бегајте да не ве гледаме”. Исто така, еден од полицајците замавнал по малолетните деца, на што остро изреагирал сопругот на Пешевска.
Жаклина Пешевска е пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ и една од осомничените за настаnите за 27 април. Таа беше изведена пред надлежен судија денеска, и е дел од 36-те осомничени опфатени во истрагата.
Ново на Сител
-
Остра реторика во Европскиот парламент за извештајот за Македонија
-
30 дена кризна состојба во Македонија
-
Трет ден пожари во Скопско
-
Тема на денот со Владимир Симоновски
-
Симовски е разочаран од Уставен, пописот бил според препораки на „Евростат“
-
Претседателката ќе го чека новиот закон за да предложи нов член на Судскиот совет
-
Трет ден пожари во скопско
-
Пожар во парк-шума Гази Баба