Македонија
25. July 2015 - 16:37

Полицијата и здравствените власти со предупредуавње до најмладите

Одбери здрав живот, кажи не за алкохолот. Со оваа порака МВР и Здравствен дом Скопје вчеравечер ја продолжија кампањата за превенција од зависности. Во паркот Делфина во скопската населба Влае, полицајците и лекарите им укажуваа на младите за  штетните последици кои ги предизвикуваат алкохолот,цигарите и дрогата. Граѓаните задоволни од начинот на кој се подигнува свеста за водење здрав живот, велат дека ваквите кампањи треба да бидат почести.

Анкета

Оваа кампања е поттикната од фактот што зависностите се една од најголемите причини за смрт кај младите луѓе. Целта е преку непосредна комуникација со родителите, да се влијае врз  децата наместо порок, да одберат спорт.

„Секако дека полициските службеници ќе превземаат и репресивни мерки, но секогаш ќе даваме приоритет на превентивните мерки и активности, се со цел да ја подигнеме свеста кај граѓаните, во случајов кај младите, ние нема да бидеме тие кои ќе ги плашиме, затоа продолжуваме со превенцијата и се надеваме дека ќе ја постигнеме целта“ рече Ристо Јовановски, СВР Скопје.

„Сметам дека само преку спортувањето младите ќе се оттргнат од овие пороци и нивното конзумирање во иднина ќе се сведе на минимум“ рече секретарот на општина Карпош, Бојан Милошевски.

Камапањата за превенција од зависности на МВР и Здравствен дом Скопје ќе продолжи во текот на летниот период и во сите останати општини, паркови, кафулиња и трговски центри.