Полицијата и УЈП упаднаа во локалите во Центар: Летаа казни, им се заканува затворање
Општина Центар во заедничка акција со УЈП, МВР, СВР Скопје, Градски паркинг и Јавното претпријатие паркинзи на општина Центар синоќа извршиле контрола на 20 угостителски објекти во Дебар Маало, на улиците „Македонија“, „Пролет“ и во други делови на локалната самоуправа.
За овие локали, како што информира општина Центар, граѓаните се жалеа дека го нарушуваат редот и мирот со гласна музика, бесправно узурпирање на јавниот простор со поставување на тераси и паркирање на возила на недозволени места.
- На дел од угостителските објекти им се изречени мандатни казни, на дел им е даден рок да достават документација и да го усогласат просторот според пропишаните параметри. Доколку рокот не биде испочитуван ќе им биде изречена соодветна глоба или ќе бидат затворени. Непрописно паркираните возила веднаш беа отстранети од ЈП ПОЦ и Градски паркинг, соопшти општина Центар.
Градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ изјави дека е воспоставена целосна координација со сите институции и нема да се толерира незаконско работење на територија на општината. Во следниот период, како што информира општина Центар, со правосилни решенија ќе се пристапи кон отстранување на дивите и незаконски поставените тераси и ќе има зачестени контроли.
Ново на Сител
-
Скајтракс го рангираше Меѓународниот Аеродром Скопје меѓу првите десет во Источна Европа
-
Орбан: Членството на Украина во ЕУ не треба да биде инструмент за војна
-
Муцунски: Проширувањето на ЕУ не е само економска и трговска неопходност, туку предуслов за политичка и безбедносна стабилност на целиот континент
-
Нема простор за сомнеж за постапувањето на затворските полицајци, вели синдикатот на УПОЗ при КПУ Затвор Штип
-
Салах потпиша нов договор со Ливерпул
-
Приведен струмичанец, возел со 2,19 промили алкохол во крвта
-
„Прада“ го купува „Версаче“ за 1,25 милијарди евра
-
Ерик Дејн боледува од неизлечива болест