Loading Video...
Свет
30. September 2017 - 17:01

Полицијата ги затвора гласачките места, ќе има ли референдум за независна Каталонија?

Политичките тензии во Шпанија се сѐ поголеми пред утрешниот референдум за независност на Каталонија. Десетици илјади Каталонци, учествуваа на синоќешниот финален митинг .Регионалниот претседател, Карлес Пучдемон, го заврши митингот со уверување дека Каталонија го почнува процесот на независност, кој на граѓаните ќе им обезбеди право да бидат признати на глобално ниво.

Приврзаниците на референдумот ги окупираа гласачките места, како отпор кон шпанската власт. Тоа може да доведе до пресметка со шпанската полиција, која има наредба  да ги затвори изборачките места .Илјадници дополнителни припадници на полицијата се распоредени низ Шпанија .Гугл, под изговор дека спроведува судска одлука, ја блокираше апликацијата која ги насочуваше граѓаните до нивните гласачки места.Шпанскиот Уставен суд нареди суспендирање на референдумот. Каталонската владејачка коалиција вети дека ќе прогласи независност во рок од 48 часа ако на гласањето победи одговорот „да".