Полицијата ги ослободи Италијанците осомничени за смртта на новинарот Куциак
Словачката полиција ги ослободи седумте Италијанци кои беа приведени како осомничени за убиството на новинарот Јан Куциак и неговата девојка.
Седуммината Италијанции беа приведени во четвртокот при полициска рација под сомнение дека се поврзани со членови на италијанската мафија.
Полицијата денеска потврди дека тие се ослободени, но не наведе детали, освен тоа дека ослободените се на возраст од 26 до 62 години.
Телото на 27-годишниот Куциак и неговата девојка Мартина Кушнирова пронајдени се со прострелни рани на 25 февруари.
Куциак ги истражуваше активностите на италијанската мафија во Словачка и нејзините врски со лицата блиски до премиерот Роберт Фицо. Тој во последниот незавршен текст ги опишува активностите на членовите на криминалната организација Ндрангета во источна Словачка и поврзаноста на еден од нив со соработник на Фицо, како и на другите соработници на словачкиот премиер.
Илјадници луѓе вчера учествуваа во демонстрациите против корупцијата што се одржаа ширум Словачка по убиството на Куциак. Околу 25.000 лица, според организиаторот, учествуваа во синоќешните демонстрации во Братислава. Протести се одржаа и во десетина други градови и покрај ниските температури.
Погребот на новинарот закажан е за денеска попладне.
Американското Федерално истражно биро (ФБИ), британскито Скотланд јард и Европол и помагаат на словачката полиција во истрагата за убиството на новинарот.
Ново на Сител
-
ИДФ: Нападнати центри на Хамас во поранешно училиште и џамија
-
Состојба на патишта
-
Променливо облачно со дожд
-
Црвен Крст: Апел за помош за настраданото население од поплавите во Босна и Херцеговина
-
Скопје: Со возило полно мигранти бегал од полиција, па удрил во бетонски столб
-
Посебен режим на сообраќај во понеделник во Скопје
-
Трагедија во Гостивар - Почина 6-годишно дете, откако му се слошило на тренинг
-
Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8