Полиција упадна во дом на „Дижонска“ - пронајдено украдено оружје
Полицијата упадна во куќа на улица „ Дижонска“ во скопската населба Чаир, пронајде украден оружје.
- Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Д.К. (56) од Скопје поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот законик. На 11.04.2019, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на дом и други простори на ул.„Дижонска 1“, каде што престојува пријавениот. При претресот биле пронајдени и одземени пиштол „Застава М57“ калибар 7,62мм, пиштол „Црвена Застава М57“ калибар 7,62мм и девет куршуми калибар 7,62 мм. По преземени мерки било утврдено дека еден од пиштолите е предмет на кражба.
Ново на Сител
-

Новиот закон за сајбер безбедноста ќе донесе поголема заштита за граѓаните и бизнисот
-

Укинувањето на Пржинската влада пред пратениците
-

Седница на работните групи за Изборниот законик
-

Мицкоски: Интензивно се работи на реформската агенда
-

Доживотен затвор за „касапот од Штип“
-

Продолжува трендот на зголемен интерес за стручните училишта
-

Прилеп започнува со решавање на хаосот на најкритичните крстосници
-

Преглед на вестите од светот
