Полиција на секој чекор, полициски хелихоптери го надлетуваат Скопје - што се случува?
Полицајци на секој чекор, полициски хеликоптери го надлетуваат градот. Денеска продолжува судењето за хоророт кој се случи во кумановската „Дива Населба".
Според информациите на Нова Македонија, денешното и следните рочишта ќе бидат за изложување на доказите од страна на одбраната. За следниот месец се закажани осум рочишта за случајот кој ја потресе македонската јавност.
Судот донесе одлука со овој предмет да ја спои постапката со случајот „Молња“. За настаните од „Дива населба“ обвинети се 29 лица, а како логистичари осум лица.
За потсетување, на 9 и на 10 мај 2015 година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.
Ново на Сител
-
ДЗС: Во земјава нема активни пожари
-
Кина и Русија започнаа заеднички поморски вежби во Јапонското Море
-
Се очекува во Појасот Газа да влезат два камиона со вкупно 107 тони дизел
-
Израел останува закана за Иран, вели командантот на иранските вооружени сили Хатами
-
Словенечкиот тим од 61 пожарникар заминува од земјава, утре чешкиот „Блек Хок“
-
Тешко повреден мотоциклист во кавадаречко
-
Претреси во Кавадарци и Неготино, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
-
Нападнати полицајци и затекнати малолетници со алкохол при контрола на Градскиот базен во Виница