Македонија
14. January 2022 - 16:32

Полицајка нападнала обвинителка во Битола

Јавна обвинителка од Основното јавно обвинителство Битола била нападната на своето работно место.

Таа била нападната вчера во 14 часот. Според неофицијални информации, кои не се потврдени, била нападната од полициска службеничка по претходно недоразбирање околу записник за дадено сведоштво. 

Според информациите од СВР Битола, таа почнала агресивно да се однесува и сакала да го одземе предметот, го искинала и потоа ја повредила јавната обвинителка. Веднаш потоа биле повикани полициските службеници од Основниот суд во Битола кои ја отстраниле од просториите на Обвинителството.

Од битолската полиција велат дека работат на расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.