Полицајци спречувале тепачка па биле нападнати од учесниците

Полицајци од Тетово наишле на тепачка, па кога ги спречувале и приведувале учесниците биле нападнати. Таткото на приведените подоцна продолжил со агресивното однесување и во полициската станица.
- Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, вчера 31 јули околу 15 чсот, во близина на крстосницата на улиците „Киро Ристовски-Дрнц“ и „Штипска“ во Тетово, ги лишиле од слобода тетовците Ф.Б.(28) и Л.Б.(29) од една страна и 30-годишниот Б.Д. од Гајре. Тие претходно меѓусебно физички се пресметувале, а полицајците интервенирале, по што биле нападнати при обидите за приведување. Подоцна во полициската станица Тетово, дошил и таткото на Ф.Б и Л.Б, 53 годишниот Р.Б. кој продолжил со синовите со агресивно однесување и напад врз полициските службеници, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Четворицата се задржани за целосно расчистување и документирање на случајот. Против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
Инаку за навредување и омаловажување на овластено службено лице предвидена е глоба од 600 до 800 евра. Според член 383 од кривичниот законик, за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста се добива кривична пријава која може да резултира со парична или казна затвор од 6 месеци до 5 години, во зависност од последиците.
Ново на Сител
-

ММФ предвидува Македонија до 2031 да биде седма најбрзорастечка економија во Европа
-

Инфантино: СП 2026 постигна неверојатен успех
-

СП 2026: Аргентина со чудесен пресврт го совлада Египет во осминафиналето
-

Али: Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“
-

Галузин: Балтичките држави си играат со оган поради акциите против Русија
-

Трамп од Анкара упати критика до НАТО и изрази разочарување од недостигот на поддршка за САД
-

Клековски: Секој лек што е на позитивната листа мора да се издава на рецепт
-

Кривична за две физички и едно правно лице за намерно предизвикување стечај и оштетување или повластување на доверители
