Македонија
10. March 2020 - 22:14

Полицаецот Тодоровски потврди пред судот дека имал индиции дека ќе се случи убиството кај Смилковското езеро

Непосредно пред убиството кај Смилковско, полицаецот Зоран Трајковски добил информации за можен инцидент околу велигденските празници.. На денешното судење за Монструм, сведочеше дека за тоа го информирале жители на Скопје и Косово но без точна локација за планираниот напад..

„Ми беше кажано дека ќе биде нападната полициска патрола или невини луѓе. Тоа го кажав и во воено разузнавање и на пратеници. Не ги кажав изворите, но во ниту еден момент не се споменуваше Смилковското езеро“, изјави Трајковски..

Пред судот сведочеа и тогашните министрите за правда и евроинтеграции, Беџети и Џафери.. Според прислушуваните разговори тие се интересирале за обвинетиот Хаки Азири за кого велат дека најверојатно ќе биде прикриен сведок за случајот.. Од институциите барале менаџирање на ситуацијата за да се спречат меѓуетнички тензии..

„Имаше различни перцепции за случајот и како тогашен министер сум упатил порака до судот во судска постапка да ги разјасни сите дилеми и да не се остава простор на такви чуствителни теми кои се многу битни за државата, да нема такви сериозни разидувања“, изјави Блерим Беџети, поранешен министер за правда. -до 1.04

Монструм е по втор пат во судница откако Врховен ги укина доживотните затворски казни за обвинетите..