Свет
13. April 2016 - 17:44

Полицаецот кој ги претепа таткото и дедото пред очите на малолетното дете доби 10 години затвор

За време на прославата за титула на Бенфика, еден полицаец претепа татко и дедо пред очите на малолетно дете кое врескаше и плачеше, а оттогаш помина речиси една година.
 
Тогаш Министерството за внатрешни работи на Португалија започна истрага која сега резултира со тоа дека полицаецот е виновен и се соочува со казна затвор од 10 години.
 
- Настана голем хаос, имав чувство дека сум дел од некој каубојски филм. Никогаш немав видено такво нешто, - изјави леден од навивачите.
 
Обвинителството соопштило дека полицаецот употребил прекумерна сила и дека давал лажни изјави во неговите извештаи.