Полицаец во притвор, фатен како прима мито од возач
Полицаец е фатен при примање поткуп од возач за сторен сообраќаен прекршок на 19-ти овој месец, по што му е изречен 30 дневен притвор, соопшти денеска Јавното обвинителство на Република Македонија.
Според обвинителството, полицаецот ноќта меѓу 15 и 16 октомври годинава вршел рутинска контрола на преглед на возила во Скопје, при што го сопрел возилото на оштетеното лице и му констатирал три сообраќајни прекршока. Полицаецот го известил возачот дека за сторените прекршоци му следи казна во висина од 1.000 евра, но доколку му даде 3.000 денари, нема да му биде напишана казната. Возачот изјавил дека во моментот нема пари, но е согласен да му даде поткуп на полицаецот. Се договориле паричните средства оштетениот да ги остави во една од блиските продавници, каде ќе каже дека тие се за полицаецот. При тоа, службеното лице му зело генералии на возачот и телефонски број на кој во следните денови неколку пати го контактирал.
Оштетениот, како што информира обвинителството, го пријавил службеното лице и во организирана акција, на 19-ти месецов осомничениот е фатен на лице место како го зема поткупот.
Поради постоење оперативни сознанија, извршен е претрес на приватното возило на осомничениот каде се најдени податоци за стотина граѓани, адреси и контакт телефони. Најдените докази, наведува ЈОРМ, укажуваат дека осомничениот на ист начин ги обработувал и преземал коруптивни дејствија кон поголем број на граѓани.
- Со оглед дека постои основано сомнение за сторени кривични дела кон поголем број лица, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје предложи изрекување на мерка – Притвор за осомниченото лице, кој предлог со Решение на судот е потврден со изречена мерка од триесет дневен притвор, се вели во соопштението и се додава дека Основното јавно обвинителство – Скопје во насока на расветлување на предметот, ќе презема дејствија за проверка на сите податоци најдени кај осомничениот со цел утврдување на фактичката состојба во предметот.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп