Полицаец од Матејче крадел струја за неговата чајџилница

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното Основно јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против С.Ш., вработен во Полициското одделение Матејче при СВР Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело ,,кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас “ по член 235-а став 1 од КЗ.
Имено, во временски период од 01.03.2024 година до 09.01.2025 година С.Ш. со намера за себе да прибави противправна имотна корист, без согласност од Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје-КЕЦ Куманово во електричното броило кое се води на А.М. од с. Липково, извршил премостување на трите фази со кабли пред електричното броило директно во електричните проводници кои водат кон угостителски објект, без притоа електричната енергија да биде регистрирана од страна на електричното броило и неовластено ја користел за своите потреби, со што на Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје и причинил материјална штета од 398.847 денари, соопшти МВР.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицискиот службеник С.Ш. поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и изрече задолжителни мерки да му се одземе службеното оружје и муниција.
Ново на Сител
-

Со интервенции на пазарот регионот се бори против нафтената криза
-

Опозицијата бара мерки
-

Муцунски: Враќањето на македонските државјани е бесплатно, уште два лета се организираат неделава
-

Назначен нов ајатолах, војната на Блискот Исток продолжува
-

Сведок за „Пулс“: Пред Кочани, ДНК имале инцидент со прскалки и во Гевгелија
-

Дел од повредените од Пулс се уште одат на физикална терапија
-

Муцунски разочаран од Софија по забраната за Менкиновски - најавува дипломатска реакција
-

Нови сведоштва за пожарот во кочанската дискотека
