Полицаец лишен од слобода, на странци им зел 20 евра

Полицаец вработен во Полициската станица за граничен премин и гранична надзор Стрезимир вчера бил лишен од слобода поради сомнение дека ја злоупотребил службената должност. Тој од странски државјани одзел 20 евра.
Според СВР Тетово, полициски службеници на СВР Тетово вчера (22 септември) околу 13 часот го лишиле од слобода А.Б. (50) од долнореканското село Јанче, откако претходно бил пријавен. Ден претходно, околу 16 часот и 20 минути, на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, полицаецот запрел патничко возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, што го управувал холандскиот државјанин П.В.Н.(61) и за наводен сообраќаен прекршок му одзел 20 евра.
Полицаецот се соочува со кривична пријава, а во ЦВР Тетово работат на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Европската комисија ќе го претстави Пакетот за проширување за 2026 година
-

Македонските ракометари го пречекуваат Луксембург на стартот на квалификациите за ЕП 2028
-

Европа излегува на улици - Тридневни протести планирани во седум земји
-

Битола го слави денот на ослободувањето на градот 4-ти Ноември
-

Стабилно и суво со променлива облачност во текот на денот
-

Македонија дел од голема меѓународна акција: Жртви во 50 држави и штета од над 4 милиони евра од интернет-измами
-

По седум години судење, Боки 13 ослободен од сите обвиненија
-

Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од 1 милион евра
