Полесно повреден возачот на цистерната што се запали на патот Гевгелија - Богданци, се отстранува истеченото гориво

Возачот на цистерната со нафта што се запалила претпладнево откако излетала на патот Гевгелија - Богданци, се здобил со полесни повреди, а во тек е безбедно отстранување на истеченото гориво, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Тој претходно информираше дека пожарот бил брзо изгаснат од пожарникарите, а пради инцидентот сообраќајот на патот Гевгелија - Богданци е во прекин.
-Претпладне камион цистерна кој транспортирал 25 тони нафта излетал надвор од магистралниот пат Гевгелија – Богданци, при што дошло до негово превртување, а при превртувањето дошло до продупчување на самата цистерна во која биле складирани овие 25 тони нафта. Нафтата почнала да истекува, од ударот најверојатно дошло до нејзино палење по што се кренал црн и густ чад кој предизвика вознемиреност кај локалното население, вели Ангелов во видео изјавата.
Тој информира дека гевгелиските пожарникари со помош на специјална пена го изгаснале пожарот и потенцира оти возачот на возилото нема тешки телесни повреди.
-Во разговор со командирот на гевгелиските пожарникари бев известен дека има специјална пена со која ќе се обидат да го изгаснат пожарот. Набргу тие беа на лице место, го изгаснаа опожареното место со нафта и добро е тоа што дизелот истекува во блискиот канал непосредно покрај самиот пат. Пожарникарите истурале поголема количина на песок на неколку места со што нафтата останува заробена во каналот. Во меѓувреме стапивме во комуникација со сопственикот на цистерната. Од негова страна е организирана друга цистерна како и пумпи за испумпување на нафтата и од превртената цистерна од која горивото се уште истекува, но ќе биде собрана и нафтата која што се наоѓа во каналот. По отстранување на нафтата, ќе се истури ситен песок врз местото кој што треба да ги апсорбира остатоците од нафта, а потоа истиот ќе биде пренесен на безбедно место, појасни директорот на ДЗС.
Ангелов нагласува дека веднаш по превртувањето на цистерната, на местото излегле припадници на МВР, а присуствувале и инспектори на ДЗС и од Министерството за животна средина.
МИА
Ново на Сител
-

Кушнер се повлече од белградскиот проект „Трамп“ вреден 750 милиони евра; Вучиќ: Ова е многу лоша вест
-

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД – услов за мировен договор, нагласи Зеленски
-

Детски психијатар од Хрватска злоставувал малолетни деца и им давал дрога
-

Песков: Русија сака мир, а не кратко примирје
-

Тешко повреден малолетник на „томос“ по направена сообраќајка
-

Благодарение на ЗХГ ќе нема огномет на новогодишната прослава на плоштадот во Скопје
-

Кривична за командир и четири полицајци, криеле бесправна градба, ќе одат на психолошки преглед
-

Три месеци условна казна затвор за родител кој му дозволил на малолетен син да вози тротинет во Велес
