Пол Џорџ: Не се предаваме
Кошаркарот на Лос Анџелес клиперс, Пол Џорџ, зборуваше за расположението во тимот по петтиот натпревар од финалето на Западната конференција од НБА-лигата против Феникс. Клиперси ноќеска победија со 116:102 и намалија на 2:3 во серијата прв до четири победи.
Џорџ средбата ја заврши со 41 поен, 13 скока и 6 асистенции.
– Ако Феникс сакаат да ја затворат низата со нас, тие треба да работат напорно за тоа. Со овој став, отидовме на натпреварот. Ние не се предаваме ниту се повлекуваме. Немаме намера да истакнеме бело знаме. Така ќе се однесуваме до крајот на серијата. Ќе се бориме додека имаме шанса, иако ќе биде многу тешко со оглед на повредите во нашиот тим, истакна Џорџ.
Клиперс се без двајца од стартната петорка, повредените Каваи Ленард и Ивица Зубац.
Следниот натпревар е ноќта среда кон четврток (почеток 3 часот).
Ново на Сител
-
Над 40 основни училишта се затвориле во изминатите пет години
-
Тема да денот со Иво Ранѓеловиќ, политиколог
-
Нови признанија на вина во случајот „Синџир“
-
Како оперираат крадците низ археолошките локалитети во државата?
-
Почина момчето кое беше киднапирано и принудено да се самозапали
-
Нови признанија на вина во случајот „Синџир“
-
Одбраната на Мерко - застареност на кривичното гонење
-
Фрчкоски сам ќе се повлече од амбасадорската функција, со документи ги негира обвинувањата од МНР