Македонија
25. August 2021 - 16:53

Покривот на НУБ ,,Св. Климент Охридски‘‘ ќе протекува уште една зима - санација од следната година

Националната библиотека ќе треба да преживее уште една зима без да се поплави и прокисне до конечна санација на покривот. Архитекти и градежни инженери веќе направиле проверка на проектот за поправка на покривот но пари годинава не се предвидени за оваа установа. Министерката повика на свесност за овој импозантен објект и побара сите општествено одговорни компании да  помогнат за ревитализација на библиотеката не само однадвор туку и на внатрешниот простор. 

По изборите во октомври ќе се санира една од читалниците  за што се одобрени средства оваа година.

Во установата инаку во моментов се снимаат сцени за нов филм на Теона Митевска и Лабина Митевска.,

За време на обиколката немаше посетители, дел од просториите се нефукционални. До септември работи во една смена за читатели.