Loading Video...
Свет
31. March 2023 - 19:54

Покренато обвинение против Трамп во случајот со исплата на мито за Сторми Даниелс

Доналд Трамп е првиот американски претседател , актуелен или поранешен , против кого е поднесено кривично обвинение. Големата  порота на судот во Менхетен поднесе обивниене за случајот со  митото од 130 000 долари исплатено на порно ѕвездата Сторми Даниелс за да молчи за сексуланата афера со Трамп.

Плаќањето поткуп  за молчење не е противзаконско во САД.  Но, наводниот прекршок се состои во тоа што парите Трамп ги прокнижил како деловни трошоци, а фалсификувањето деловни книги е нелегално во Њујорк. 

Деталите  од обвинението не се познати, бидејќи тоа  се уште е запечатено. Некои американски медиуми објавија дека тој се соочува со повеќе од 30 точки поврзани со деловна измама. Аферата која Трамп ја негира според Сторми Даниелс се случила во 2006 година а парите и ги дал тогашниот адвокат на Трамп, Мајк Коен во 2016 година кога Доналд Трамп прв пат се  кандидираше за претседателската функцијата.

Обвиненетиот Трамп го нарече политички прогон и лов на вештерки организиран од демократите, а дојде во време кога тој бара републиканска номинација да се кандидира повторно за претседател на САД во 2024 година.  Американците со поделни мислења. Се очекува Доналд Трамп да се појави пред судот во Менхетен иднината недела. Исходот од судскиот процес  нема да им наштети на политичките амбиции на 74 годишниот Трамп појаснуваат правните експерти. 

Според американските медиуми Трамп се соочува со повеќе од дваесетина обвиненија поврзани со  бизнис измама - иако тоа не е официјално потврдено

Финска доби зелено светло од Турција  и ќе стане 31 –та членка на НАТО. Првиот човек на НАТО,Столтенберг  истакна дека Финска формално ќе се приклучи  на НАТО во наредните денови. Турскиот парлемент синоќа ја ратификуваше апликацијата  на Финска за влез во воениот сојуз, а претходно тоа го направија другите 29 членки на НАТО.   

Хелсинки  го доби благословот на Анкара бидејќи презеде конкретни чекори за сузбивање на групите што ги сметаме за терористички  изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган, додавајќи дека  ратификацијата на Шведска  за влез во НАТО ќе почека. Финска која има граница со Русија од 1.340 киломтери и еден од најмоќните артилериски арсенали во Европа, беше неутрална земја се до руската инвазија на Украина во февруари мината година.