Покрената интернет-петиција за признавање на македонската возачка дозвола во Германија
Македонците во Германија покренаа иницијатива со која бараат од тамошните власти да ја признаат македоската возачка дозвола, која во оваа земја се уште не важи, што претставува голем проблем за македонските иселеници.
Македонците кои живеат и работат во Германија за таа цел отворија интернет-петиција, за која е потребно да се соберат 50 илјади потписи за да биде успешна.
- Сметаме дека е непотребно да се бара од лицата кои што веќе имаат шест месеци искуство со управување моторни возила во Германија и кои поседуваат валидни македонски возачки дозволи, повторно да го преполагаат возачкиот испит во Германија. Нужноста да македонските возачи за повторно полагање на возачкиот испит е додатен финансиски како и временски трошок, но пред се, пречка во извршување на работните и секојдневните обврски поврзани со транспортот - соопштуваат иницијаторите на петицијата.
Врз основа на Виенската конвенција за патен сообраќај од 1968 година, меѓусебно признавање на возачките дозволи (Б категорија) со Македонија е склучено со земјите-членки на Европската унија, Бугарија, Хрватска, Романија, Унгарија, Словенија, Белгија и Австрија.
Петицијата може да се потпише на линкот подолу.
https://www.openpetition.de/petition/online/initiative-fuer-anerkennung-...
Ново на Сител
-
Мажите мора да служат војска | Димитар Атанасовски | Лабави муабети | Sitel Podcast 44
-
Уапсен штипјанец кој ја нападнал сопругата со која се разведува
-
Приведен штипјанец по пријава дека физички ја нападнал сопругата
-
Сиљановска-Давкова: Компромисите со меѓународното право и принципи можат да го компромитираат европскиот и светскиот мир
-
Декларацијата на самитот во Украина најверојатно нема да биде потпишана од сите учесници
-
Кулеба: Во нацрт-изјавата од самитот во Швајцарија беа земени предвид ставовите на Украина
-
Песков: Путин не ја исклучува можноста за преговори со Украина
-
САД уништи седум радари на територијата контролирана од Хутите