Покрај нашиот, на светот постои уште еден Балкан

Нашиот „ридест“ Балкан ги одбележа животите на многу луѓето кои живеат на ова подрачје, како во позитивна, така и во негативна конотација.
Но, дали знаете дека на светот постои уште еден Балкан?
„Другиот“ Балкан е провинција во западен Туркменистан, која излегува на Каспиското Море. Нејзин главен град е Балканбат. Оваа провинција е позната по големите енергетски ресурси, од каде потекнува дури 94 отсто од производството на природен гас во Туркменистан.
Само името на провницијата доаѓа од истоимената планина што се наоѓа во неа, а тамошните жители веруваат дека и називот на „нашиот“ Балкан има исто потекло.
Имено, самиот назив „Балкан“ доаѓа од турскиот збор за планина и со тоа име била наречена денешната Стара Планина, која се протега низ централна Бугарија и делумно преминува во источна Србија.
- (Називот) Балкан денес почесто се користи како политички, отколу како географски поим, кои ги означува земјите чии култури интезивно се испреплетиле со повеќевековната турска култура, политика и верски влијанија, стои во Википедија во објаснувањето на овој поим.
Ново на Сител
-

Ангелов: Се подобрува состојбата во Гостивар
-

СДСМ: Савески да постапува во Гостивар
-

Регионален состанок во Скопје: Превозниците ќе бараат решение за престојот во Шенген
-

Протест на земјоделците во Струмица
-

Се одбележаа 25 години од масакрот на Карпалак кога загинаа 10-мина прилепчани
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за младите од Ново Село, СДММ бара одговорност за откривање службена тајна
-

Зеленски во официјална посета на Србија
-

Прилеп одбележува 25 години од крвавиот масакр на Карпалак, не смее да се заборави жртвата на бранителите
