Покосена девојка на пешачки во Капиштец, возачот најверојатно пијан

Млада жена на возраст од 40 години загина синоќа во страотна несреќа што околу 20 часот и 22 минути се случи на улицата „Васил Ѓоргов“ во населбата Капиштец кај ТЦ Зебра.
Според првичните информации девојката стоела кај пешачкиот премин спроти хотелот „Квин“, а возачот на автомобилот „опел корса“ најверојатно изгубил контрола врз возилото и удрил право во неа, по што влетал во излог на еден од дуќаните кои се наоѓаат во околните згради.
Од силината на ударот девојката починала на лице место. Нејзиното тело остана да лежи во тревата додека траеше увидот на полициските екипи.
Возачот кој најверојатно се движел со преголема брзина е пренесен во болница.
Случајни минувачи синоќа притрчале да и помогнат на девојката , но по само неколку минути, веќе не давала знаци на живот. Возачот и неговата сопатничка поминале без повреди, а според очевидците тој бил однесен на токсикологија под претпоставка дека возел во алкохолизирана состојба и немал воопшто контрола над возилото.
Ново на Сител
-

Полициска акција во Кочани и Виница: 59 санкции, три лица приведени
-

Црна Гора воведува два дена платено менструално отсуство месечно
-

Мицкоски: Лоша вест за опозицијата, а среќна за граѓаните е дека нема да банкротираме и покрај тоа што ни оставија уништена држава
-

Два умерени земјотреса регистрирани во северозападна Кина
-

Трамп: Ако не успее договорот, Иран повторно ќе биде бомбардиран
-

Повторно пукано врз Конзулатот на САД во Торонто
-

На ГП „Богородица“ се чека околу 15 минути
-

Денес сончево со локална облачност
