Бизнис
25. October 2016 - 19:54

Поконкурентна текстилна индустрија со имплементација на ГС1 стандардот

Со  ГС1 стандарди до препознатлив  и конкурентен македонски текстил  на странските пазари.

Со нив облеката и обувките се одбележуваат со бар кодови за нивно лесно идентификување во секоја земја и заштита од фалсификати. Кај нас многу мал број на фирми кои произведуваат готови текстилни производи ги имаат воведено овие стандарди.

Надлежните велат дека со ова ќе се олесни работењето не само на компаниите туку и на продавниците и дистрибутерите  со текстил. Ќе имаат зголемена точност при правењето пописи, оптимални залихи во секое време и пред се намалени трошоци и зголемени продажби.

Главен проблем кај нас и понатаму останува лон производството. Околу 90 отсто од извезената облека од земјава е за странски брендови. Странските експерти велат дека на глобално ниво потрошувачите се повеќе сакаат да знаат од каде потекнува облеката што ја носат.

Засега прехранбената и индустријата за широка потрошувачка предничат со воведувањето на ГС1 стандардите.

Според статистика во првите 8 месеци годинава тестилната индустрија учествувала со 12,7 отсто во вкупниот извоз од земјава.