Фудбал
9. December 2019 - 10:19

Покетино се сретна со Марадона

Поранешниот тренер на Тотенхем, Маурисио Покетино се сретна во Аргентина со легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона.

Сега Марадона е тренер на клубот Гимназија.

Тој неодамна доби отказ, но подоцна раководството на клубот се премисли и реши да не го „брка“ Марадона.

Покетино го следеше натпреварот на Гимназија со Кордоба. Аргентинецот, заедно со Марадона, играа за Њуелс Олд Бојс во 1993 година.