-->
-->
Покетино го менува Зидан
-->
Прашање на време беше кога челниците на Реал Мадрид ќе започнат да бараат замена за Зинедин Зидан. Европскиот првак брилијантно ја започна сезоната го освои Суперкупот на УЕФА и шансиот Суперкуп, но три месеци подоцна во првенството заостанува осум бода зад Барселона, а во Лигата на шмпионите ќе ја помине групата само поради разочарувачките игри на Борусија Дортмунд.
Реал е најмноќниот клуб во светот каде единствено мерило се трофеите, некогаш ниту тоа. Карло Анчелоти доби отказ иако ја освои Лигата на шампионите.
Иако за нешто повеќе од 18 месеци Зидан освои две титули во Лигата на шампионите и ја врати титулата во домашното првенство на „Сантијаго Бернабеу“ јасно е дека доколку сезоната ја заврши без трофеј ќе може да ги пакува куферите.
Така се работи во реал и нема причина исклучок да биде направен со Зидан.
Алармот на „Сантијаго Бернабеу“ се запали по поразот од Тотенхем во Лигата на шампионите (3:1), а шпанските медиуми пишуваат дека претседателот Флорентино Перез веќе го одбрал наследникот на Зидан.
Првиот човек на Реал на клупата го сака менаџерот на Тотенхем, Маурицио Почетино, со кого има одлични релации и кого често го нарекува „Мојот Поч“.
„Многу го почитувам и знам дека и тој го чувствува истото. Секогаш сме биле пријатели“, рекол неодамна претседателот на Реал.
Почетино има симпатии кон реал, а дополнителен „квалитет“ му е и тоа што благо кажано не ја сака Барселона.
Како играч, Почетино, шест сезони играше во Еспањол и никогаш не го криел анимозитетот кон Барселона.
Неколку за легендата на Барселона Чави, рекол дека е измамник и го нарекол „непијател“, а откако ја заполна тренерската кариера изјавил дека „нема шанси некогаш да биде тренер на Барселона“.
Од друга страна во Реал се убедени дека доколку Почетино дојде на „Сантијаго Бернабеу“, дека многу полесно ќе можат во клубот да ги донесат Хари Кејн и Деле Али.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неколкумина повредени откако автомобил удри во група луѓе во Штутгарт
-
Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција
-
Туристичкиот остров Бали остана без струја
-
Ирскиот регулатор за заштита на податоци го казни ТикТок со 530 милиони евра
-
Грег Попович се повлекува од функцијата тренер на Сан Антонио Спарс
-
Земјотрес од 7,4 степени според Рихтер ја погоди Аргентина, издадено предупредување за цунами
-
Трамп: Планирам да му го укинам на Харвард даночното ослободување
-
Принцот Хари ја изгуби правната битка со британската влада околу полициска заштита