Показна вежба во Куманово во рамки на проектот „Заедно за граѓаните“

Показна вежба за пружање помош на повредени лица во сообраќајна несреќа организираа денеска на градскиот плоштад во Куманово, СВР Куманово, Територијалната противпожарна единица, Итната медицинска помош, Црвениот крст и ученици од повеќе основни училишта.
Вежбата се организираше под покровителство на Советот на општина Куманово и е дел од проектот „Заедно за граѓаните“, а традиционално се одржува четврти пат по повод Денот на независноста. Целта беше да покаже отвореност и достапност на државните институции во рамки на градот, нивна меѓусебна координација, да ја зајакне свеста кај граѓаните за соработка со институциите кои први пружаат заштита и безбедност за кумановци.
Манифестацијата годинава е посветена на јакнење на граѓанска совесност за поголема безбедност во сообраќајот што е битно за сите граѓани, бидејќи сме учесици во сообраќајот, порачаа учениците од основните училишта од мешаните училишни сообраќајни единици кои денеска заедно со сообраќајната полиција го регулираа соообраќајот и делеа флаери за безбедно учество во сообраќајот и почитување на правила и прописи. Присутните се запознаа со дел од опремата и материјално-технички средства со кои располагаат институциите.
Ново на Сител
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
-

Од утре дожд и невреме, од вторник пристигнува и заладување
-

Сообраќајната полиција доби 33 нови „Piaggio Beverly 310“ вредни над 270.000 евра
