Погодени два танкера во Ормускиот Теснец, нови напади врз американски бази во Катар, Кувајт и Ирак

Два танкера се погодени со непознати проектили во Ормускиот Теснец, додека во меѓувреме се пријавени и нови напади врз американски воени бази во Катар, Кувајт и Ирак, во услови на ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.
Британската служба за поморски трговски операции (UKMTO) соопшти дека денеска уште еден товарен брод бил погоден со непознат проектил во Ормускиот Теснец, по што избувнал пожар на пловилото.
Екипажот бил евакуиран, а бродот побарал помош, пренесува британски „Гардијан“. Засега не е познато кој го испукал проектилот.
Претходно, уште еден товарен брод во Ормускиот Теснец бил погоден со непознат проектил на околу 46 километри од брегот на Обединетите Арапски Емирати.
Бродот претрпел оштетувања, но сите членови на екипажот се безбедни и им била укажана помош, а од UKMTO не соопштија повеќе детали.
Од службата претходно апелираа до сите бродови што минуваат низ Ормускиот Теснец да се движат „со зголемена претпазливост“.
Поради војната меѓу САД и Израел против Иран, Ормускиот Теснец практично е затворен за сообраќај.
Стaнува збор за една од најважните светски поморски рути за транспорт на нафта и течен природен гас.
Танкерите повеќе од една недела не минуваат низ теснецот, а производителите се принудени привремено да ја прекинат експлоатацијата додека се полнат складиштата.
Ново на Сител
-

Почнува неделата на „Европски дијалози, европско наследство и иднина“
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Владата ја чека Фон Дер Лајен со предлог за разговорите со Бугарија
-

Останките на Цар Самуил од Солун во Софија, историски чин или политичка порака?
-

Дел од спотот на песната “Секси мама” на косовски рапер снимен во “Македониумот” во Крушево
-

Државните енергетски компании се подготвени за претстојната зима
-

Тероризам, киднапирања, оружје - тројца уапсени кои имаат поврзаност со ИСИС
-

Болестите на срцето водечка причина за смртност во Македонија
