Погледнете што прават актерите од „Сам дома“ 25 години подоцна

Поминаа 25 години од телевизиската премиера на еден од најпопуларните „божиќни“ филмови на сите времиња „Сам дома“.
Филмот своето деби го имаше во 1990 година, по што беа снимен уште четири продолженија, а тогаш десетгодишниот Меколи Калкин стана детска суперѕвезда.
На 12-годишна возраст Калкин веќе стана милионер, а денес овој 35-годишник се бори со депресијата и зависности, свири во еден бенд и се занимава со сликарство.

Во 2012 година се предозираше со хероин, по што беше на лекување и сега тврди дека е „чист“, но таа зависност ја замени за друга - денес пуши и по 60 цигари дневно.
Кетрин О'Хара и Џон Херд во филмот ги играа неговите родители. Канадската актерка во изминативе две децении освои Еми наградата, а сега, кога има 61 година, настапува во серијата „Schitt's Creek“. Џон (70), исто така, одигра низа успешни филмски улоги.

Крадците кои ги измами малиот Кевин, исто така се променети. Џое Пеши (72) и Даниел Стерн (58) изградија успешни актерски кариери, како на филмот, така и во телевизиски серии.

Пеши во 1999 година го напушти актерството и се посвети на неговата музичка кариера. Последен пат се појави на тв-екраните во 2010 година во шоуто „Love Ranch“.
Ново на Сител
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
-

Арсенал до финалето без пораз, ПСЖ постигна 44 голови
-

Тошковски: Силни институции значат сигурни граѓани, а полицијата е тивката сила на државата
-

Медведев: Доколку Германија се приближи до поседување нуклеарно оружје - тоа би било повод за војна
-

Загреб е првиот европски град што нуди роботакси-услуги
-

Од утре променливо време со дожд и грмежи
-

Трошоците на животот во април на годишно ниво зголемени за 5.7 %, а цените на мало за 5.0 %
