Македонија
7. October 2016 - 19:07

Погледнете какво време не очекува утре

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно со услови за слаб дожд на југозапад, а попладне облачноста ќе се намали и ќе има повеќе сончеви периоди особено на источниот дел од земјата. Ќе дува претежно северен ветер кој ќе биде поинтензивен преку ноќта и претпладне, а потоа ветерот ќе стивнува.

Утринската температура ќе се движи од четири до 13, а дневната од 14 до 20 степени.

Во Скопје слично време, претпладне променливо облачно, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен северен ветер кој повремено ќе засилува, но попладне ќе ослаби. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

До утре наутро измерените количества воден талог ќе надминуваат 25 л/м2 за 24 часа.

Во сабота ќе има услови за дожд во југозападните делови од земјата, а во недела за неколку степени температурата ќе биде повисока. Во вторник ќе има повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни попладне, а во среда во текот на денот.