Погледнете какво време не очекува утре
Времето утре во Македонија во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот обчаноста ќе се зголеми, така што во вечерните часови во северните делови ќе има локален слаб дожд со ретки грмежи.
Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 27 до 34 степени.
Во Скопје слично време, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Во вечерните часови ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 31 степен.
УВ-индексот ќе има вредност 7.
Од вторник, под влијание на серија на влажни воздушни бранови, се очекува значителна промена на времето. Во вторник и среда ќе биде претежно облачно и свежо со врнежи од дожд, а поголеми количини на воден талог се очекуваат во западните и јужните делови од земјата. Температурата на воздухот значително ќе опадне и ќе се движи од 18 до 25 степени.
Ново на Сител
-
Почната постапка за промена на повеќе закони за ставање во функција на системот „Безбеден град“
-
Руски напади со дронови врз повеќе места во Украина, Киев гаѓаше цели во јужна Русија
-
Трамп го потпиша „Големиот прекрасен закон“
-
Тошковски: Секој кој се осмелил да краде од народот ќе се соочи со одговорност
-
Додик сослушан во Обвинителството на БиХ во Сараево, притворот му е укинат
-
Мицкоски: Расте македонскиот извоз, повеќе пари за граѓаните
-
Трамп: Путин е свесен дека се можни нови американски санкции
-
Најмалку 24 загинати во поплавите во Тексас, меѓу нив и деца