Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи упати честитка по повод Курбан Бајрам
Поглаварот на Исламската верска зедница Реис ул улема ефенди Шаќир Фетаи упати порака по повод утрешниот празник Курбан Бајрам. Фетаи во пораката вели дека празникот Курбан Бајрам со сите негови вредности и морални елементи го покажува концептот на воздигнување на општествата учејќи нè дека нема големи дела без големи жртви и оти Алаховата помош интервенира само тогаш кога со најголема посветеност ја даваме од себе: искреноста, посветеноста, знаењето за подобра иднина.
-Курбан Бајрам, празник кој вклучува три важни настани кои го одведоа светот и човештвото на вистинскиот пат: Во овие денови заврши објавувањето на Чесниот Куран, со кој еднаш засекогаш беа дадени божествените концепти за Алах, човекот и општеството; во овие денови се извршува петтиот услов - хаџ во благородната Мека, во Каба, Арафат, Мина, Муздалифа и многу други обврски; верниците на исламот ширум светот ја извршуваат обврската за колење курбан инспирирајќи се од Ибрахим а.с. и Мухаммед а.с. Сите овие божествени заповеди од Големиот Алах му даваат висока вредност на големиот празник Курбан Бајрам. Оваа голема прослава на Курбан Бајрам му зборува на современиот човек дека, покрај развојот во различни сфери, треба да им се врати на душата, моралот, здравото семејство, благородното општество кое ќе придонесе за зближување меѓу народите, за помагање меѓу луѓето, за запирање на убиствата, војните, масакрите, геноцидите и избегнување на опасните аномалии во општеството кои го уништуваат човечкиот морал, посочува Фетаи.
Тој во пораката упатува честитки до граѓаните од муслиманска вероисповед по повод празникот Курбан Бајрам.
-Имам особена чест, во име на ИВЗ и РСМ, на сите верници во земјата и во странство, да им упатам најсрдечни честитки по повод големиот празник Курбан Бајрам, молејќи се на Семоќниот Алах да ја прифати нашата молитва, нашата садака, нашата жртва, а особено му се молиме на Алах да го прифати Аџилакот на сите аџии од наша земја кои се молат моментално на светите места. Честитки и нека е благословен празникот Курбан Бајрам. Мир, милост и благослов на Големиот Алах нека биде врз вас!, вели во видео пораката поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи.
Првиот ден на Курбан Бајрам, утре, е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во државава.
Ново на Сител
-
Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод Денот на Бошњаците
-
Лавров: Блискиот Исток е на работ на тотална војна
-
Знаци што телото ги праќа ако се внесува премногу додаден шеќер
-
Австралијката МекКион постави светски рекорд на 100 метри грбно
-
Трет пораз на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампиони
-
Стапува во сила Законот за нефер трговски практики, се очекува намалување на цените на околу 2.500 производи
-
Унгарија со план како да го реши спорот меѓу Скопје и Софија, за Орбан земјава мора да ги почне преговорите до крајот на годинава
-
Во Претставничкиот дом предложена резолуција да се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци