Пофалници и награди за најдобрите дипломирани студенти на УКИМ

Пофалници и пригодни награди ќе им бидат доделени денеска на најдобрите дипломирани студенти на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје, за учебните 2018/2019 и 2019/2020 година.
Доделувањето на пофалниците и наградите ќе биде пред платото на Ректоратот на УКИМ.
Исто така, како што информираат од УКИМ, на редовните студенти од завршниот семестар во прв циклус студии кои покажуваат особени резултати во студиите, со просечен успех остварен во текот на студирањето од најмалку 8,00 од Архитектонскиот, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Филозофскиот, Економскиот, Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Факултетот за драмски уметности за учебната 2019/2020 година ќе им биде врачена наградата „26 јули“ од Фондацијата „Франк Манинг“ од Велика Британија.
Ново на Сител
-

Мицкоски бара извинување од Трендафилов за навредите кон Стојаноска
-

Повластени тарифи за 60 производи
-

Преглед на вестите од светот
-

Работниците денеска го блокираат Сојузот на стопански комори
-

Кој се ќе биде опфатен со владината реконструкција?
-

Саит Саитов приведен во Србија, се чека негова екстрадиција
-

Мицкоски: Запленетата дрога ќе надмине 100 тони, дел од вмешаните веќе се приведени
-

Садула Изари ја презема функцијата член на Судски совет
