Поевтинуваат нафтените деривати од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,58 % во однос на одлуката од 14.10.2024 година.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,295 ден/кг и сега изнесува 43,212 ден/кг. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Од 19.10.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 78,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 80,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 43,212 (денари/килограм)
Ново на Сител
-
Македонија не е мизерна и нема да пропадне ако не влезе во ЕУ, кажа хрватскиот претседател Милановиќ
-
Тема на денот со Татјана Стојаноска Иванова, професорка на Институтот за социологија
-
Милановиќ: Повеќе нема да жалам некого затоа што не може да влезе во ЕУ
-
Пет активни пожари во Македонија
-
Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за пожарите
-
4 куќи гореа во пожарот во Злокуќани, повредено малолетно дете и двајца пожарникари
-
Како се менуваше насилниот криминал во Македонија изминативе 15 години?
-
Седум повредени од трагедијата во Кочани се уште на болничко лекување во земјата и странство