-->
-->
Поевтинуваат горивата од утре - ова се новите цени!
-->
Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 0,5, а дизелот за еден денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 61, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 63 денари.
Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 42,50 денари. Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за 0,5 денари и ќе чини 31,5 денари за литар.
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,645 денари за килограм и ќе изнесува 15,324 денари.
Регулаторната комисија за енергетика ја утврди новата цена на горивата врз основа на движењата на цената на суровата нафта на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите 14 дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
РФМ ќе одржи редовно Изборно собрание на кое ќе се бира нов претседател
-
Палевски сакал да замине во Москва, барал помош да го земат од аеродром
-
Фон дер Лајен: ЕУ ќе преземе соодветни и решителни контрамерки на американските царини
-
Министерството за правда достави до Влада допис за предлог за разрешување на Коцевски
-
Орбан: Русија ќе биде „реинтегрирана“ во глобалната економија по завршувањето на војната во Украина
-
Авганистанецот призна дека намерно удрил во толпата во Минхен, соопшти германското Обвинителство
-
АНБ: Почнува примената на полиграфско тестирање, полиграфот и полиграфското тестирање во служба на интегритетот
-
Пандов: Со цел мој авторитет ќе се потрудам затворските полицајци кои ја срамат униформата да завршат зад решетки