Поевтинуваат горивата и бензините во Македонија?

Неколку недели наназад, просечната цена на нафтата бележи пад на цената на светските пазари. Ако на почетокот на август еден барел сурова нафта се тргуваше за скоро 50 долари, денес нејзината вредност се движи од 46 до 47 долари.
Според аналитичарите, ваквиот пад на цената се заснова на политичкиот фактор – нуклеарните тестови кои ги направи Северна Кореја во изминатите неколку денови.
Регулаторната комисија за енергетика денес ќе ги објави новите цени на горивата и бензините во Република Македонија кои ќе започнат да важат од вечерва на полноќ.
Последниот пат (21-ти август) РКЕ одлучи цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 (62 денари за литар) и еуродизелот (48 денари за литар) да остане иста, а екстра лесното масло за домаќинство да се намали за 0.50 денари по литар.
Дополнително, РКЕ одлучи цената на мазутот М-1 HC да се намали за 0.204 ден и таа да изнесува 23,993 денари за килограм.
Дали намалувањето на цената на нафтата ќе влијае на тоа РКЕ да ги намали цените на горивата и бензините ќе видиме денес откако ќе биде соопштена нивната одлука која ќе важи за наредните 2 недели.
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Охрид, Тополчани и Крива Паланка, највисока снежна покривка на Попова Шапка
-

Мицкоски на увид во изградба на новата училишна зграда со поврзување на постоечкото ООУ „Гоце Делчев“ во Илинден
-

Лазарева поворка и каланди во центарот на Скопје по повод Лазарева сабота
-

Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден
-

Облачно со сончеви периоди, во источните делови дожд и грмежи, температурата до 18 степени
-

Астронаутите на мисијата на Месечината испратија фотографии од Земјата
-

Нови напади низ Блискиот Исток, додека Израел го таргетира Бејрут
-

Бруно Фернандеш играч на месецот во Премиер лигата
