Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден дена по литар, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените во просек за 1,18 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 е 70 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава за 72, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 63,5 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) не се менува и останува 64,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,028 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 32,607 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,899 отсто, кај дизелот за 0,779 и кај екстра лесното масло за 5,006 отсто, додека кај мазутот има зголемување за 0,964 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0166 отсто.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Марш за Ангелите во Кочани
-

Со термални камери општините од струмичкиот регион ќе ги детектираат потпалувачите на депонии
-

Владата утре ќе ја намали акцизата и ќе го задржи ДДВ на 10 отсто кај горивата
-

Мицкоски: СДСМ се однесува како локална организација на бугарска партија
-

МОН најде приватен институт во обложувалница, со два душеци и две столчиња
-

Тече конкурсот за упис во средните училишта, најмногу место има за ученици во средните стручни училишта
-

Третманот со ефикасна терапија го зголеми бројот на преживеани на Oнкологија
