Поетски портрет на Виолета Танчева-Златева во ДПМ
Поетски портрет на Виолета Танчева-Златева денеска ќе биде претставен во Друштвото на писателите на Македонија. Танчева-Златева е добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на годинашните Струшки вечери на поезијата. За творештвото на поетесата ќе зборуваат Зоран Анчевски и Братислав Ташковски, а стиховите ќе ги чита Александра Велинова.
Претстижната награда „Браќа Миладиновци“ на СВП, за најдобра поетска книга во Македонија, Танчева-Златева ја доби за стихозбирката „Година без лето“, која жири комисијата ја оцени како иновантен и впечатлив поетски резултат во поновите текови на македонската литература.
Во образложението, меѓу другото, се истакнува дека Виолета Танчева-Златева остварува зрел стилски баланс на поетскиот израз што внимателно се држи до традиционалното пеење, но и со одмерено чувство за иновацијата и експериментот.
Книгата зрачи со ненаметлив и тивок лиризам, но и со умешно дозирани необични и свежи решенија кои поетскиот јазик на авторката го издигаат на високо рамниште од кое таа се јавува како еден од најиинтересните и најзрели поетски гласови во современите текови на македонската поезија.
Ново на Сител
-
Германија го враќа центарот за поправка на украинска опрема од Словачка
-
Претрес во Велес, пронајдена дрога
-
Во Тирана уапсени дилери на дрога кои работеле како новинари
-
Студен бран со пообилни врнежи од дожд и снег
-
МВР: Не отварајте сомнителни линкови и датотеки прикачени во е-маил пораки и не споделувајте лични податоци
-
МВР со детали за акцијата во Арачиново, пронајдено оружје и муниција
-
Од 1 јануари јавниот превоз во Белград ќе биде бесплатен
-
Во автомобил на 24 годишен скопјанец пронајдено над 100 пакувања со кокаин и хероин