Поетски читања, Поетско кафе и средби со издавачи на СВП

Портрет на Иван Џепароски, добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2016 година, Поетско читање на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“, симпозиум на тема „Изгубено/најдено во преводот“ и Портрет на Горан Чолакхоџиќ, лауреатот на наградата „Мостови на Струга“ на СВП и УНЕСКО, се само дел од содржините што ќе ги понуди денеска фестивалот Струшки вечери на поезијата.
Предвидено е и Поетско кафе - средби со издавачи, агенти и професионални посетители, а ќе се одржат и Поезија на пат - Ресен и Охрид, Меѓународно поетско читање - „Кругови“ 1, како и Вечер на македонската поезија - 55 години од наградата „Браќа Миладиновци“.
Во рамки на Европската поетска платформа „Версополис“ презентации и дискусии ќе одржат Канцеларијата на Креативна Европа - Култура и МЕДИА при Министерството за култура на Република Македонија и Агенцијата за филм во соработка со Министерството за култура на Република Бугарија (Канцеларија на Креативна Европа – Култура) и Канцеларијата на Креативна Европа - МЕДИА на Република Чешка.
Полноќта е резервирана за музичко - поетскиот перформанс „Ноќ без интерпункција“.
Ново на Сител
-

Откриено најголемото наоѓалиште на диносауруси во светот
-

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
-

Мбапе на четири голови од рекордот на Роналдо
-

ПМФЛ: Со два натпревари денеска почнува завршното коло од есенскиот дел
-

Во Вашингтон денеска жрепка за СП 2026
-

Германскиот парламент ја зголемува безбедноста во воените објекти
-

Со фалсификат за англиски набавен во Бугарија станала директорка на средно во Делчево
-

Орбан: Унгарија ќе ја тужи Европската комисија ако го занемари ветото за Русија
