-->
-->
Поетска вечер со Гордана Михаилова-Бошнаковска
-->

Мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ вечер организира книжевна средба со поетесата Гордана Михаилова-Бошнаковска, на која 20-ина поети ќе читаат стихови од нејзината поетска книга „Слики“ во издание на „Матица македонска“.
Гордана Михаилова-Бошнаковска (Битола, 1940) е авторка на стихозбирките: „Времето го нема“, „Писма“, „Влегување во Делта“, „Њујорксон“, „Нордиски љубовници“, „Планини од картонски кутии“, „Пораките на далечините“, „Толкување на морето“, „Докази“, „Допири суштини“ и „Мајките“.
Нејзини творби се преведени на повеќе странски јазици. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на Струшките вечери на поезијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
