-->
-->
Подољак: Русите ја гаѓаат рутата на мисијата на МААЕ
-->
Советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак денеска ги обвини руските сили за напади врз градот Енергодар, во чија близина се наоѓа нуклеарната централа Запорожје, која денеска треба да ја посети мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
– Русија демонстративно го напаѓа Енергодар, долж официјалната рута на мисијата на МААЕ. За тоа да се обвини Украина. Куќи се уништени. Ова е демонстрација на вистинскиот „интерес“ на Русија за инспекцијата. Ова е уште еден доказ за вистинската важност на руските „гаранции“ за секој посредник, напиша Подољак на Твитер. Нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, од март е под контрола на руските сили.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
57-годишен скопјанец бил фатен како подметнува пожар во Ѓорче Петров
-
Европратениците ќе дебатираат по Предлог-извештајот на Вајц за земјава
-
На ГП Блаце без застој за патнички возила, остануваат ограничувањата за камиони
-
Нетанјаху го предложи Трамп за Нобелова награда за мир
-
Во Собрание седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Бројот на загинати во поплавите во Тексас надмина 100 лица
-
Грант од ЕУ од 5,5 милиони евра за енергетска ефикасност на студентски домови
-
ЦУК: Пожарот во Чучер Сандево надвор од контрола