Подобрување на условите и капацитетот на градинката „Калинка“ во Железара

Општина Гази Баба во соработка со приватни компании, ќе ги подобруваат условите во градинката „Калинка“ во населба Железара, која е клон од градинката „Детска радост”.
Како што информираат од општината, со заеднички средства, старите и дотраени врати и прозорци на објектот Калинка, ќе бидат заменети со нови. Покрај ова, согласно потребите ќе се обнови и внатрешниот дел на градинката, со цел да им се овозможат подобри услови за престој на децата.
- Следен проект на кој работиме е зголемување на капацитетот на оваа градинка. Односно, просторот кој сега го користат од Јавната установа Меѓуопштинскиот центар за социјални работи на град Скопје за лица со попреченост, ќе биде предаден на градинката, со што ќе се зголеми капацитетот за 75 деца. Со овој простор, во градинката ќе обезбедиме и работа во втора смена, изјави градоначалникот Борис Георгиевски.
За потребите на децата со попреченост како што посочи Георгиевски, општина Гази Баба и Министерството за труд и социјална политика ќе изградат нов дневен центар за згрижување деца со попреченост, со површина од 170 квадратни метри во Автокоманда.
Во завршна фаза, рече, е и експропријацијата на просторот за изградба на градинка во населеното место Стајковци на улица 18 со површина од 2.000 квадратни метри.
- Откако ќе биде завршен овој процес, ќе прејдеме на изградба на градинката, која според планот е предвидена да започне во месец август. Ова е еден од капиталните проекти кои ги ветив и во мојата предизборна кампања и кој сакам што поскоро да отпочне со реализација, рече Георгиевски.
Ново на Сител
-

Иран му одговори на Трамп со најава за напад врз постројките за десалинизација во регионот
-

АХВ не дозволи влез на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар
-

Трамп му се закани на Иран со напади врз електраните ако блокадата на Ормуската Теснина не се укине во рок од 48 часа
-

Владата на седница ќе донесе мерки за ублажување на ценовниот скок на горивата
-

За околу 20 проценти зголемен бројот на корисници на интернет преку оптичка мрежа
-

Месечно на мобилен 105 повика и 3,8 часа разговор
-

УХМР ќе го одбележи Светскиот ден на водите
-

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локален слаб дожд
