-->
-->
Подобри сме од Реал, не примивме четири „парчиња“
-->
Тренерот на азискиот шампион Гвангжу Евергранде, Луис Фелипе Сколари, по поразот на неговиот тим во полуфиналето на Светското првенство за клубови рекол дека неговиот тим не поминал толку лошо. Инаку кинескиот тим загуби од Барселона со 3:0, а Луис Суарез го постигна првиот ’хет трик’ во историјата на ова натпреварување.
Бразилскиот стратег, на прес конференцијата по натпреварот, се пошегувал на сметка на Реал Мадрид, најголемиот ривал на Барселона.
„Барем не примивме четири гола како Реал“, рекол Сколари.
„Играа без Меси и Нејмар, двајцата најдобри играчи во светот, но Барселона има многу квалитетни фудбалери“.
Сколари истакнал дека неговиот тим не играч лошо, но и покрај тоа немал никакви шанси против европскиот првак.
„Добар натпревар, но ние бевме за десет класи под најдобриот тим на светот. Тоа ние го знаевме, се обидовме дадовме се од себе, но Барселона играше добро и без двајцата најдобри играчи“, заклучил Сколари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Љутков даде отчет за сработеното во изминатата година
-
Рекордни 20 милијарди денари вложени во инфраструктура и локален развој
-
Мицкоски најавува данок за лица кои не се брак, вели вклучен е демографскиот аларм
-
Брзи гранични контроли на Табановце
-
Топлотен бран во Македонија до среда со температури над 40-от степен
-
ВМРО-ДПМНЕ во недела ќе го објави кандидатот за градоначлник на Скопје
-
Ѓорчев: Бришењето на македонски јазик е пораз за ЕУ, не за Македонија
-
Обвинение против полицајците за пожарот во „Пулс“, се очекува наесен