Бизнис
3. November 2015 - 20:06

Подобра оценка од граѓаните за Катастарот

Граѓаните со повисока оценка за Катастарот. Од една од најбавните институции реформите ја направија  лидер во регионот по квалитетот на услугите. Со електронскиот  шалтер се скрати времето како и трошоците на граѓаните и фирмите за добивање на потребните документи. Ако во 2005 просечното време за запишување купопродажба на стан и регистрација на хипотека беше повеќе од 30 дена сега трае само еден ден. Меѓудругото граѓаните и фирмите можат од дома да нарачаат имотен лист и катастарски план и да имаат увид во целокупниот имот со кој располагаат. Катастарот веќе 10 години го спроведува проектот со кој целосно се дигитализира. За реформите се потрошени 19,3 милиони евра обезбедени од Светска банка.

Од Светска банка велат дека најважно е тоа што новиот систем на Катастарот е достапен на цела територија на земјава. Сите општини, стопанството и граѓаните имаат поеднаков пристап до услугите.

Од поголемите активности кои ги спроведе Катастарот се и воспоставувањето на Регистарот на цени  со кој граѓаните и фирмите имаат увид во движењето на цените. Се воспостави и  инфраструктурниот катастар со кој се издаваат имотни листови за сите инфарструктурни објекти во земјава.