Поднесен предлог за разрешување на јавен обвинител од Скопје

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска соопшти дека е поднесен предлог за разрешување на јавен обвинител поради тоа што не постапувал по предмети во законски пропишаните рокови.
Во соопштението не се наведува за кој јавен обвинител станува збор, освен дека тој е од Основното јавно обвинителство Скопје.
- Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, по спроведената дисциплинска постапка против јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и разгледување на извештајот на обвинителот-известител, донесе Решение со кое утврди дека обвинителот е одговорен за сторена тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 8 од Законот за јавното обвинителство. Врз основа на изведените докази, Комисијата утврди дека јавниот обвинител без оправдани причини не постапувал по предмети во пропишаните законски рокови, со што значително била одолговлечена постапката во предметите, се наведува во соопштението.
Со оглед на тоа и другите околности, како што се посочува во соопштението, одлучено е до Советот на јавните обвинители да биде поднесен предлог за разрешување на јавниот обвинител.
Ново на Сител
-

Откриени повеќе од 20.000 профили на TикТок поврзани со педофилија во Шпанија
-

Унгарскиот премиер потврди дека братот на Виктор Орбан е приведен
-

Нема повредени лица при запалените куќи на Бит-пазар, велат од ЦУК
-

Трагедија во Бугарија: Најмалку петмина загинати во верижен судир на 50 возила поради густа магла
-

При претрес во Ѓорче пронајдена дрога, приведено 19-годишно момче
-

Младите ширум светот сè помалку физички активни
-

„Фајненшл тајмс“: Мерц се закани со блокада на буџетот на ЕУ ако членките не се обврзат да ја финансираат Украина
-

Претставници на Русиja и Украина денеска во Абу Даби ќе преговараат со посредство на САД
