Поднела кривична пријава против 65-годишниот сопруг, ја терал секојдневно да имаат секс!

Против П.П (65) сопругата поднела кривична пријави бидејќи од нејзе барал секојдневно да имаат секс. На 65-годишниот маж од Белград ќе му се суди за кривично дело, полово вознемирување воведено пред два месеци а би можел да заврши и до 6 месеци затвор.
Ова е една од 2.430 пријави кои се само во јуни поднесени за нови кривични дела на полово вознемирување. Многу од тие пријави довеле и до бизарни ситуации, на луѓето да им се суди и за понападно додворување. Експерите велат дека и покрај добрите страни на овој закон, ќе има и злоупотребувања.
- П.П. (65) е пријавен од нешто помладата сопруга бидејќи инсистира да имаат секс секој ден, а поради мир во куќа морала да ги издржи неговите "напади". Исто така, нејзиниот сопруг, човек со тежок карактер се лутел кога сопругата не му го спремала омиленото јадење, не му го испрала оделото или не ја исчистила куќата.
- Жените веќе не можат тоа да го издржат, па кога слушнале за новите воведени кривични дела, обично ги пријавуваат - рекол извор за истрагата.
Законот за спречување на семејно насилство предвидува веднаш по пријавата полицијата да излезе на терен и да ги спроведе потребните мерки. Овој случај е специфичен, но некогаш во одредени семејни ситуации може да дојде до фатален епилог.
Адвокатот Љубиша Живадиновиќ објаснил дека во овој случај има простор за кривично дело, но потребна е голема внимателност бидејќи се наоѓа на самата граница на злоупотреба на истиот.
- Добрата страна на овој закон е тоа што насилниците ќе бидат осудени а жените ќе се чувствуваат побезбедно. Меѓутоа лошата страна на оваа ситуација е тоа што доаѓа до земање на "здраво за готово", како што направила оваа домаќинка. Наместо да се разведе од него таа решила да го пријави. Надлежните мораат да бидат многу внимателни во примената на овој закон - смета поранешниот полициски експерт Марко Ницовиќ.
Ново на Сител
-

Земјоделците (не)задоволни од новите построги правила за субвенции
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Владата избра 9 нови амбасадори
-

Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати за државен јавен обвинител
-

Вонреден инспекциски надзор во Правда, бараа објаснување за полагање на правосудниот испит
-

Уставен пред комплетирање - се чека изборот на нови судии за одлука за Законот за јазици
-

Протест на ССМ пред Владата
-

СДСМ обвинува дека Мицкоски го користел владиниот авион приватно, Владата демантира
