Македонија
15. November 2016 - 16:08

Подмладоците на 22 партии потпишаа декларација за фер избори

22 подмладоци на политичките партии во Македонија, денес во организација на Институтот за економски стратегии и меѓународни односи- Охрид ја потпишаа Декларацијата за слободни, фер и демократски избори.

Со потпишувањето на Декларацијата, младите политичари пренесоа порака дека се заложуваат за фер, слободни и демократски избори и на овој начин покажаа дека подмладоците и младите политичари искрено се посветени на подобрување на демократската клима во изборниот процес.

Овој настан е дел од изборниот циклус на програмата Политички дијалог меѓу младите политичари во Република Македонија со кој се предвидуваат тренинзи, изборни симулации, набљудување на предвремените парламентарни избори и предизборна анкета помеѓу политичките подмладоци. Иститутот Охрид од 2011 година соработува со сите активни политички подмладоци и работи на градење на капацитетите на младите политичари како и на развивање и зацврстување на политичкиот дијалог меѓу нив.