Подигнати 45 кубни метри непрописно одложен отпад од картонски пакувања во општините Кисела Вода, Центар и Чаир
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на вчерашниот ден подигнале и транспортирале 45 кубни метри непрописно одложен отпад од картонски пакувања во скопските општини Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во општината Кисела Вода било интервенирано на улиците „Фредерик Шопен“, „Димо Хаџи Димов“ и „Томе Арсовски“, каде се подигнати вкупно 20 кубни метри отпад од картонски пакувања одложени на јавни површини.
Во општината Чаир, како што соопштија од ЈП Комунална хигиена-Скопје, се отстранети 10 кубни метри непрописно одложен отпад на улицата „Цветан Димов“, додека во општината Центар е интервенирано на неколку локации долж булеварот „Партизански одреди“, каде се расчистени вкупно 15 кубни метри картонски отпад одложен на тревни и сообраќајни површини.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?