Подигнати 42 кубни метри отпад од диви депонии во Аеродром, Чаир, Кисела Вода и Карпош
Екипи на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје во текот на изминатото деноноќие исчистиле повеќе диви депонии во скопските општини Аеродром, Чаир, Кисела Вода и Карпош, при што се подигнати и транспортирани околу 42 кубни метри отпад.
Како што информира „Комунална хигиена“ - Скопје, дел од активностите се одвивале на улицата „1615“ во општина Аеродром, во близина на Џевахир холдинг, каде била отстранета дива депонија составена од 10 кубни метри претежно мешан комунален отпад.
Интервенирано е и на улицата „Доситеј Обрадовиќ“ во општина Кисела Вода, каде се подигнати околу седум кубни метри кабаст и отпад од картонски пакувања, како и на улиците „Џон Кенеди“ и „Цветан Димов“ во општина Чаир, каде се отстранети 15 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад.
Екипите на претпријатието, во текот на вчерашниот ден подигнаа и транспортираа 10 кубни метри отпад од дива депонија лоцирана на улицата „Јуриј Гагарин“, во близина на ресторанот „Македонска куќа“ во скопската општина Карпош, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Македонски државјанин пронајден мртов во Италија
-
Утре седница на собраниската Комисија за избори и именувања, на 10 јануари пленарна седница
-
Препознавање и совети за негување и поддршка на дарбата кај едно дете
-
Вучиќ: Ден после „Рибникар“ странски служби бараа да им го предадеме малолетниот убиец
-
Македонското МНР: Нашите мисли се со народот на Црна Гора
-
Од утре дожд и снег
-
Се разгледува можноста за доградба на жичарницата на Водно
-
Одложени два лета од скопскиот аеродром