Подготвувал атентати во концертни сали во Франција
Едно лице кое било уапсено минатиот месец од страна на Генералната дирекција за внатрешна безбедност (ДГСИ) се верува дека сакал да изврши напади во концертни сали во Франција, откри утрово телевизијата БФМ ТВ.
Како што пренесува дописникот на МИА од Париз, лицето е уапсено и обвинето на 15 август, станува збор за Французин кој веќе бил во Сирија во мај минатата година, каде што му било наводно наредено да изврши напад во концертна сала.
За време на неговиот трет ден од притворот лицетот ги признало своите намери, според БФM ТВ. Тој, признал дека ја посетил Сирија во Рака, упориште на Исламската држава во мај 2015 година, место каде што му беше наредено да извршат напад.
Наводно, осомничениот поминал шест дена во Сирија. Ранет во ногата од граната, тој се преселил во Франција преку комплициран пат: Газиантеп - Истанбул - Варшава - Прага - Амстердам и Париз. Тој е непознат за разузнавачки служби, никој не не го забележал неговото враќање.
Еден шпански џихадист уапсен во друга европска земја, кој го дава неговото име при сослушувањето и и дозволува на ДГСИ да го уапси на 11-ти август. Осомничениот се уште немал избрано датуми или местото на нападот. Тој се уште не купил ниту оружје. Но, иследниците веруваат дека неговиот план е доволно сериозен за да го уапсат. Според информациите од Фигаро, во Франција неделно се апси по едно лице за ваков вид на случаи, без притоа фа биде информирана јавноста.
Ново на Сител
-
Захарова: НАТО се обидува да ја претвори Молдавија во центар за снабдување на Украина со оружје
-
Сопственикот и архитектот на хотелот во Турција кој се урна во земјотресот осудени на 18 години затвор
-
Во несреќата на азербејџанскиот авион во Казахстан загинаа 38 лица
-
Не застанал на полициско предупредување па удрил во полицаец - Уапсен 48 годишен скопјанец
-
Екипите на ДПИ на терен, се вршат контроли на цените на производите
-
Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патот Кичево - Гостивар, преку Стража
-
Спасовски: Обраќањето на Сиљановска Давкова не понуди визија за иднината на државата
-
Застанала и излегла од возилото кое го управувала, тоа се придвижило и ја прегазило